Драмскиот театар гостува на фестивалот „РУТА група Триглав“ во Белград

од admin_kult

Драмскиот театар вечер ќе настапи во Белградското драмско позориште со претставата „Се викам Горан Стефановски“ (My name is Goran Stefanovski) во рамките на фестивалот „РУТА група Триглав“, што од 1 до 6 декември се одржува во Белград, а чие октомвриско издание беше во Скопје.

Со оваа претстава, Драмскиот театар годинава гостуваше на регионалните фестивали во Подгорица, Нови Сад, Ниш и во Крагуевац, на кои доби значајни театарски награди. Текстовите на Горан Стефановски, како хроника на едно време, се актуелни и се играат во повеќе театарски куќи на задоволство на неговата читателска и театарска публика.

Режисер на претставата е Бранислав Миќуновиќ, долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград и во Цетиње, а драматург е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во периодот од 1987 до 2021 година – „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“.

Сценограф на претставата е Александар Дениќ, а автор на музиката е Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов-Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе