Доделување на наградите на„Остен – Биенале на цртеж Скопје 2022“

од admin_kult

Во објектот Чифте амам при Националната галерија денеска, во 19 часот, ќе бидат доделени наградите на „Остен – Биенале на цртеж Скопје 2022“. Во рамките на  свеченоста ќе бидат отворени и изложбите на 54. Светска галерија на карикатури 2021/22 и на „Остен арт фестивал“.

На Биеналето ќе бидат претставени дела од 200 меѓународни уметници од 40 земји.

Советот на амбасадори на „Остен“ одлучи Гран при за животно остварување да му се додели на американскиот уметник и теоретичар Јозеф Кошут, еден од пионерите на концептуалната уметност. Наградата за светско културно наследство, пак, ја додели на Харменсон ван Рајн Рембрант, Холандија, едно од најзначајните сликарски имиња во историјата на уметноста на Холандија, како и на светската уметност.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе