Денови на македонска музика

од admin_kult

Со гала-концерт на солистите, Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет, денеска свечено ќе биде отворено 45. издание на манифестацијата „Денови на македонска музика“.

На програмата се дела инспирирани од богатата македонска фолклорна ризница, а под диригентската палка на маестро Вања Николовски-Ѓумар, како солисти ќе настапат сопранот Ана Ројдева, тенорот Јане Дунимаглоски, виртуозот на македонските народни инструменти Драган Даутовски на гајда и Ратко Даутовски на тапани.

Годинашното издание на „Деновите на македонска музика“ ќе трае до 30 април, а опфаќа 16 концерти и пет дополнителни настани, музички средби и трибина.

Деновите на македонската музика се одржуваат под покровителство на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, со поддршка од Министерството за култура

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе