Денови на македонската култура во Будимпешта – промовирани четворица млади автори

од admin_kult

Четворица млади македонски автори беа промовирани во рамките на Деновите на македонската култура во Будимпешта што ги организираа Лекторатот по македонски јазик, Универзитетот ЕЛТЕ и Здружението на Унгарци во Македонија „Теледом“.

На промоцијата присуствувале писателите Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Давор Стојановски, а била предвидена и Лира Бојку, која од оправдани причини не можела да допатува во Будимпешта.

Како што информираат од Лекторатот по македонски јазик, за промоцијата била издадена промотивна книга со фрагменти од делата на четворицата автори во превод на унгарски јазик од Анамарија Цинеге-Панзова.

– Модератор беше познатата унгарска книжевна ѕвезда Оршоја Карафиат, а фрагменти од романите на писателите читаше познатиот унгарски актер Адам Бонц. Писателите ги претстави Ненад Стевовиќ, уредник и сопственик на издавачката куќа Или-Или, кој зборуваше за идејата и за мотивите да им се даде шанса на млади талентирани автори, начинот на кој ги избира романите што ќе ги објави, а се осврна и на преводот на унгарски автори на македонски јазик – наведува во соопштението организаторот на настанот.

Деновите на македонска култура во Будимпешта се поддржани од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе