Делчевскиот центар за култура организира едукативно предавање за македонската филмска музика

од admin_kult

Националната установа Центар за култура „Никола Јонков-Вапцаров“ од Делчево денеска организира едукативно предавање на тема „Македонската филмска музика од осамостојувањето до денес“. Настанот ќе го води професор д-р Александар Трајковски, чија специјалност е македонската филмска музика.

– Во рамките на предавањето ќе биде претставена анализа што ја опфаќа музиката во играните филмови од осамостојувањето на нашата земја па сè до денес, надополнета со повеќе аудиовизуелни презентации – најавуваат од Центарот за култура во Делчево.

Предавањето, кое опфаќа богат избор од најистакнатите филмски дела, од кои се издвоени филмски сцени илустрирани со музика, е поддржано од Министерството за култура. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе