Дваесет и трето издание на Недела на италијанскиот филм во Кинотека

од admin_kult

Дваесет и третото издание на Недела на италијанскиот филм, посветено на темата „Бајки“, почнува денеска, а ќе трае до 21 мај. Фестивалот, организиран од Амбасадата на Италија во соработка со италијанскиот Институт за култура во Белград и Кинотеката на Република Северна Македонија, ќе биде отворен со проекцијата на филмот „Пинокио“ (2019) на режисерот Матео Гароне.

Во рамки на програма ќе бидат прикажани и филмовите: „Среќниот Лазар“на Аличе Рорвахер, „Мрачни приказни“ во режија на браќата Диноченцо, анимираниот филм „Фамозниот напад на мечките во Сицилија“   илустриран од познатиот уметник и автор на стрипови Лоренцо Матоти, „Ни преостанува да плачеме“, во режија  на Масимо Троизи и Роберто Бенињи и филмот „Љубов и џган“ (2017), во режија на браќата Манети. Фестивалот ќе се затвори со филмот „Freaks Out“,  последно остварување на режисерот Габриеле Маинети.

Сите филмови ќе бидат прикажани со превод на македонски јазик, а влезот за проекциите ќе биде бесплатен.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе