Го славиме 8 Септември – Денот на независноста: Отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии

од admin_kult

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните  од 11:00 часот ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат отворени археолошките локалитети Стоби и Херaклеја, потоа Музејот во Охрид и Куќата на Робевци, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност , Даут-пашиниот амам и Чифте амам.

Низ државава, на Отворениот ден на музеите по повод празникот, вратите ќе бидат отворени од 9 до 17 часот и во музеите и заводите во: Битола, Прилеп, Струмица, Куманово, Гевгелија, Штип, Крушево; во Уметничката галерија во Тетово и во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево.

Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава за својата верна публика, на Денот на независноста, 8 Септември, кај Школката во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе куклената претстава „Лакомата меца“.  Претставата, која е лесно приспособлива за отворен простор, е една од оние што поради својата интерактивност со детската публика е долги години на репертоарот на Театарот. Режијата е на Дарин Петков, а играат: Владимир Лазовски, Катарина Илиевска-Силјановска и Ана Левајковиќ-Бошков.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе