Големата археолошка изложба „Првите кралеви на Европа“ се претставува во Чикаго

од admin_kult

По повод големото отворање на меѓународната изложба „Првите кралеви на Европа“ на 31 март во Чикаго, Соединети Американски Држави, утре (11.3.2023 г.) во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи прес-конференција.

За турнејата на најголемата изложба на балканската предисторија во светот, која истовремено претставува најзначаен археолошки настан во САД посветен на овој регион, во која покрај дваесетина балкански музеи се вклучени и Заводот и музеј – Битола, Музејот во Гевгелија и Заводот и музеј – Прилеп, ќе говорат претставници од институциите, од Управата за заштита на културно наследство, координаторот на проектот Гоце Наумов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Изложбата, која е составена од македонски и од балкански археолошки предмети, во Чикаго ќе трае до крајот на годинава, а потоа турнејата продолжува во Историскиот музеј на Канада во Гатино-Отава. Претходно, изложбата беше претставена во Институтот за древни студии во Њујорк.

Гостувањето на изложбата „Првите кралеви на Европа“ во периодот од 2022 до 2024 година е во организација на Филдовиот музеј од Чикаго.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе