Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија

од admin_kult

„Курирање на јавното, курирање на заедничкото“ е насловот на годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија, што ќе се одржи денеска во Музејот на современата уметност во Скопје.

Како што е најавено, работната сесија на програмата вклучува излагања и дискусија на тема „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“, конципирана и модерирана од Владимир Јанчевски. Учесници на симпозиумот се: Ивана Мештров и Силва Калчиќ (Хрватска); Маја Ќириќ (Србија); Јане Чаловски, Биљана Тануровска-Ќулавковски и Клелија Живковиќ (Северна Македонија).

Симпозиумот го организираат АИКА Хрватска и Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“, со финансиска и техничка поддршка од „AICA International“, Министерството за култура и Музејот на современата уметност – Скопје.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе