Во Филхармонијата концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“

од admin_kult

Камерниот ансамбл „Консонанс“ вечер (26 април) во 20 часот ќе настапи во Камерната сала на Филхармонијата. На програмата се дела од: Хајдн, Феранте, Барток, Гершвин, Бранѓолица…  

Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 година како една уникатна формација што ја сочинуваат изведувачи на дрвени дувачки инструменти. Овој ансамбл е посветен на камерното музицирање и истражување на звукот што овие инструменти го создаваат заедно.

Составен е од музичари кои се членови на НУ Филхармонија, кои освен оркестарското музицирање, ја негуваат и камерната музика, а исто така настапуваат и како солисти. Покрај настапите на сите позначајни фестивали на домашната музичка сцена, „Консонанс“ има остварено настапи и во Црна Гора, Бугарија и во САД. Ансамблот има издадено и еден носач на звук. Во камерниот ансамбл „Консонанс“ членуваат: Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ, Здравко Ангелов, Игор Бакревски и Сашко Темелковски. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе