Во Сули ан концерт на етносоставот „Афион“

од admin_kult

Во рамките на 43. издание на манифестацијата „Скопско лето“, во Сули ан вечер (25 јули) концерт ќе одржи етносоставот „Афион“ од Хрватска.

Станува збор за хрватско-македонски бенд кој свири музика од Западен Балкан, најчесто од своите татковини, што ја интерпретира на свој оригинален начин користејќи ги песните како основа за нивно компонирање и аранжирање.

Формиран во 2003 година во Загреб, Хрватска, бендот свирел повеќе од петстотини концерти во клубови и на големи фестивалски сцени во Хрватска и во Европа.

Членови на составот „Афион“ се:  Лидија Докузовиќ – вокал; Данијел Маодуш – гитара; Александар Јовевски – кавал и тамбура; Јеспер Нордберг – контрабас;  Ратко Даутовски – перкусии.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе