Во Струга изложба на Дијана Томиќ-Радевска

од admin_kult

„Еден поинаков поглед кон албумот“ е насловот на изложбата на Дијана Томиќ-Радевска што ќе биде отворена вечер во Музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга, во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

– Изложбата e посветена на моето семејството – враќајќи се во градот на предците презентирам историско интимно раскажување – вели авторката Томиќ-Радевска. Таа додава дека колекционирањето стари семејни фотографии, аналитично го дополнуваат приказните кои обработуваат едно време, еден народ, една историја.

– Времето е незапирливо, а испрекинато низ мислите. Фотографиите, отпечатени дигитално, се поставени во јукстапозиција, со графички листови, со цртежи и со видео, како концепт на документ и истражување. Поставувајќи ја оваа изложба интердисциплинарно и „in situ“, користејќи делови од куќата и фасадата на Музејот „Доктор Никола Незлобински“, кој припаѓал во минатото на мојот дедо по мајка, Несторови, го заокружувам концептот – вели Томиќ-Радевска.

Дијана Томиќ-Радевска (1961) е мултимедијална уметница и дизајнерка. Работи на графика, цртеж, сликарство, арт-инсталација, арт-видео и дизајнер. Посветена е на графиката и низ класични техники дава друга перспектива на уметноста на графиката, експериментирајќи со различни техники во монотипијата и објект-графика. Реализирала многубројни групни и самостојни изложби и студиски престои низ светот. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе