Во Националната галерија во Тетово ќе биде отворена изложба на Невзат Бејтули-Кица

од admin_kult

Во Уметничката галерија во Тетово в среда (28 декември), во 19 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на реномираниот академски сликар Невзат Бејтули-Кица. Во оваа национална установа вчера беше промовирана и монографија посветена на овој автор.

Невзат Бејтули-Кица е роден во 1962 година во Гостиварско. Академијата за ликовни уметности ја завршил во Скопје во 1993 година, додека постдипломски студии завршил во Приштина, под менторство на проф. Реџеп Фери. Ангажиран како професор на Факултетот за ликовни уметности при Тетовскиот универзитет, предава Акт, истражување и проучување на човечкото тело во ликовната уметност. Самостојно изложувал во САД, Франција, Италија, Австрија, Босна итн. Кица е добитник на повеќе национални и меѓународни награди.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе