Во „Мала станица“ ќе биде отворена изложба на „Ворлд прес фото“ (World Press Photo)

од admin_kult

„Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени“ е насловот на   изложбата на „Ворлд прес фото“ (World Press Photo), која ќе биде отворена вечер во 20:00 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје.

Фондацијата „Ворлд прес фото“ (World Press Photo) и Кралството Холандија, по повод Меѓународниот ден за спречување на насилството врз жените, ќе претстават избор на приказни наградени на конкурсите на „Ворлд прес фото“ од 2000 до 2021 година, кои ги истакнуваат отпорноста и предизвиците на жените, девојките и на заедниците во светот.

Изложбата ќе ја отвори министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, а ќе се обрати и холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп.

Кураторката од фондацијата „Ворлд прес фото“, Марика Цукровски, утре, со почеток во 11 часот, ќе одржи предавање во Кинотеката на Северна Македонија. Македонскиот центар за фотографија, пак, до 7 декември, организира фотоработилници за документарна фотографија на тема „Човекови права“,  на која ќе учествуваат 11 студенти по фотографија.

Изложбата е организирана од Македонскиот центар за фотографија, во партнерство со Националната галерија, а со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе