Во македонскиот КИЦ во Софија промовирана книгата „Чиј беше Јон“ на Рефет Абази

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија вчера беше промовирана книгата на познатиот македонски писател, драматург, актер и педагог Рефет Абази, „Чиј беше Јон“, во превод на бугарски јазик.

На промоцијата, на која меѓу другите присуствуваше и нашата амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси-Поповска, се обратија директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Софија, Сашко  Насев, Красимира Цонева, која е преведувач и издавач на литературното дело, како и авторот Рефет Абази.

Абази, како што информираат од КИЦ во Софија, истакнал дека оваа негова книга претставува обид преку неа да го извлече сето она што е напластено во него. Според Абази, наскоро „Чиј беше Јон“ ќе биде објавена и на турски јазик и ќе биде промовирана во Истанбул.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе