Во Кочани самостојна изложба на Марија Мицова-Гацова

од admin_kult

Во Галеријата на НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани утре (8 ноември) во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на  Марија Мицова-Гацова.

Станува збор за изложба со наслов „Дата база“, која е резултат на постдипломските студии на Мицова-Гацова, под менторство на проф. Станко Павлески.

„Преку користење различни материјали и медиуми е претставено визуелното истражување на релацијата со предците и своевидно растајнување и раслојување на напластената содржина на заробената меморија. Претходно изрaзувајќи се преку цртежи, со оваа поставка уметницата ги опросторува своите идеи, допирајќи до слоевитостите на нејзината лична и посредувана меморија“, наведено е во најавата за изложбата.

На 18 ноември изложбата ќе биде поставена  и во галерискиот простор на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура како проект од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2022 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе