Во Кинотеката нови филмски проекции за најмладите

од admin_kult

Во Кинотека од денеска до петок (24 – 28 јануари) во рамките на програмата „Кино утро“ ќе бидат прикажани нови филмски проекции за најмладите. Програмата „Кино утро“ ќе биде дополнета со филмовите: „Стела“, „Кариран нинџа“, „Петко пет плус“, „Каламити“ и „Патешествието на принцот“.

Од Кинотеката информираат дека на репертоарот денеска се филмовите „Петко“ и „Стела“, утре „Кариран нинџа“ и „Петко“, а в среда „Каламити“ и „Стела“. В четврток ќе бидат прикажани „Кариран нинџа“ и „Патешествието на принцот“, а в петок повторно „Петко“ и „Стела“. Филмските проекции за најмладите почнуваат од 12 и од 14 часот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе