Во Загреб отворени изложби посветени на 90 години од раѓањето на Љубомир Бранѓолица

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Загреб беа отворени изложбата на акварели од Марија Светиева и Виктор Бранѓолица и изложбата  „Каламота подалеку од светлината“ од Влахо Бранѓолица по повод 90 години од раѓањето на истакнатиот композитор Љубомир Бранѓолица.

Изложбите се во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје, со поддршка од КИЦ на Северна Македонија од Загреб и Министерството за култура на Северна Македонија.

Отворањето на изложбите беше придружено со настап на најмладите ученици од повеќе основни училишта од Загреб, кои изучуваат македонски јазик и кои говореа стихови од стихозбирката „Бели мугри“ на македонскиот поет Кочо Рацин.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе