Вечер во „Мала станица“ изложба на Валмир Азири

од admin_kult

Во Националната галерија (објект „Мала станица“) вечер (8 јуни), во 19:00 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Кон ѕвездите 2“ од Валмир Азири.

Станува збор за шеста  изложба на Азири, кој досега ги реализираше: изложбата нa фотографии „Рефлексија”, изложбата со дигитални графики „Во почетокот беше зборот“, изложбата на дигитални принтови „Сенки на душата“, изложбата на дигитални дела „Дигитализирани духовни вибрации“, како и изложбата „Ad astra“ („Кон ѕвездите“).

Ликовната критичарка Нора Халими, во објаснувањето за изложбата, вели дека Валмир Азири продолжува да биде „обземен“ од бесконечноста на хоризонтот кон кој тој држи чекор во сложено патување, и надворешно и внатрешно.

„Во патувањето преземено од претпоследната изложба наречена ’Ad Astra‘ (Кон ѕвездите), ја продолжи својата потрага да го освои она што никогаш не може да се освои, небото, заедно со жителите кои остануваат да лебдат во неговите простори, ѕвездите, месечината и сонцето. Овој меѓуѕвезден простор е носител на сликата што се појавува и повторно се појавува во различни варијации и во вториот том од сликите на Валмир“, посочува Халими. Таа додава дека сепак, моќта на уметникот лежи токму во неговата способност да ја раскаже сопствената приказна, да го направи личниот дел од поголем наратив, универзален наратив.

„Универзалноста на темата што ја третира Валмир го става гледачот пред спектакл на ѕвезди кои паѓаат и изгреваат, пред маглините кои ’раѓаат сини ѕвезди‘ и не само на ’кометите што не доаѓаат‘, пред некоја ’затемнета месечина‘ или ’сонце што заоѓа‘, пред асоцијации и слики кои зборуваат за фокусирано внимание, имагинација на авторот што се пренесува до јавноста преку јазик украсен со боја, форма, звук, ритам“, посочува таа.

Валмир Азири дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, на отсекот Графички дизајн. Долго време бил член на Здружението на ликовни уметници, има реализирано самостојни изложби, а учествувал и на многу групни изложби и ликовни колонии. Тој едржавен секретар во Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе