Вечерва во МСУ отворање на групната изложба „Скршено“

од admin_kult

Во Музејот на современа уметност, вечерва во 20:30 часот ќе биде отворена групната изложба „Скршено“, со која официјално ќе започне осмиот по ред „Викенд на гордоста Скопје 2020“. Групната изложба вклучува дела од Феликс-Гонзалез Торес, Полин Бодри и Ренате Лоренц, Карин Мичалски, Христина Иваноска, Велимир Жерновски, и Хермес Питакос и Федерика Даури, а куратор на изложбата е Славчо Димитров. Фестивалот е во организација на Коалицијата Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка, во партнерство со Музејот на современа уметност, а се реализира со поддршка на Фондацијата Heinrich Böll Stiftung, Фондацијата отворено општество Македонија, Европската унија во рамки на меѓународниот проект ВРЕМЕТО Е СЕГА, и ИЛГА-Европа.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе