Битолскиот Музеј промовира 10 видеа на знаковен јазик

од admin_kult

Завод и Музеј-Битола промовира 10 нови видеозаписи на знаковен јазик од постојаната поставка на таа национална установа. Станува збор за проект со наслов „Ние во Музеј“, поддржан од Министерството за култура.

Новите десет видеа со знаковен јазик се од големо значење,  констатираа учениците и професорите од Завод за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“-Битола, дефектолози од Куманово и од Скопје, како и лица со оштетен слух од Битола кои ја следеа промоцијата на проектот раководен од д-р Ирена Ружин.

Во видео материјалите интерпретатор на знаковен јазик e Катерина Шаркоска, а наратор Силвана Петрова Насух.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе