Ансамблот „Танец“ и Влатко Стефановски вечер ќе настапат на Хераклеја

од admin_kult

Во рамките на Фестивалот „Илинденски денови“, вечер (27 јули) на локалитетот „Хераклеја“ ќе настапат Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ и гитаристот Влатко Стефановски.

Двата големи македонски уметнички бренда ќе ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“, „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист Дамир Имери.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе