„Аквизиции – донации 2017 – 2021“, изложба во МСУ

од admin_kult

„Аквизиции – донации 2017 – 2021“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена утре, 2 април, во Музејот на современата уметност во Скопје. Станува збор за изложба на дела што Музејот ги има добиено по пат на откуп и донација од 2017 година до денес. Куратори на изложбата се кустосот Ива Димовски и кустосот соработник Бојана Јанева.

Во рамките на поставката ќе бидат изложени 72 уметнички дела на 35 автори од македонската визуелна сцена, од кои осум се откупени од Министерството за култура, а 64 се донирани на Музејот. За првпат на изложбата ќе бидат поставени и дела од основоположниците на модерната ликовна уметност во земјава, како: Личеноски, Мартиноски, Пандилов, Владимирски, Аврамовски, кои досега не се прикажани во јавноста.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе