Со концертот „Го славиме јубилејот“ се отвора роденденската сезона на Филхармонијата

од admin_kult

Со концертот „Го славиме јубилејот“, на кој како солист ќе настапи нашата светски позната оперска певица, сопранистката Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф-диригентот, маестро Јерухам Шаровски од Израел, денеска (10 октомври) во 20:00 часот ќе биде отворена новата, роденденска сезона на Филхармонијата со наслов „Одисеја“.

Во рамките на концертот, премиерно ќе биде изведено делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, како и симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски. На концертот премиерно ќе биде изведена и симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, една од композициите која помина на Конкурсот за откуп на дела од македонски автори што институцијата го распиша годинава.

Инаку, во концертната сезона 2024/2025, во која Филхармонијата ќе го прослави својот 80-ти роденден како најстара културна институција во земјава, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе