СООПШТЕНИЕ ЗА ЛЕКТОРИТЕ

од admin_kult
Logo

Советот за македонски јазик го разгледа проблемот со уверенијата за положен лекторски испит и со лиценците, со оглед на поплаките дека уверенијата не се признавале при вработување или ангажирање лектори и се барале лиценци. Уверенијата и лиценците за положен лекторски испит имаат ИСТА ВАЖНОСТ и се валиден доказ за положен лекторски испит.

Воедно, се повикуваат лекторите со уверенија за положен лекторски испит да дојдат лично во Министерството за култура и туризам или на е-адресите: lektorskiispit@kultura.gov.mk и sovetzamakedonskijazik@kultura.gov.mk  да го испратат скенирано уверението и информациите за контакт за да се ажурира регистарот за лектори.

Дополнителни информации во врска со ажурирањето на регистарот за лектори може да се добијат на следнaва електронска адреса: lektorskiispit@kultura.gov.mk или на телефонскиот број: (02) 324 0572 секој работен ден од  8.00 ч. до 12.00 ч. кај одговорното лице за спроведување на испитот за добивање лекторска лиценца.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе