Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денес, понеделник (16.12.2024 година), во 10:30 часот, во Порта Македонија ќе се обрати на прес-конференција по повод впишувањето на нематеријалното културно добро „Традиционалната изработка и свирење на гајда“ на Репрезентативната листа на УНЕСКО .
На прес-конференцијата на која ќе присуствуваат и Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културно наследство, д-р Велика Стојкова Серафимовска експерт на УНЕСКО за нематеријално културно наследство и проф. Д-р Драган Даутовски, ќе бидат споделени информации за процесот на подготовка на номинацијата и впишувањето на елементот на Репрезентативната листа на УНЕСКО.