Во Центарот за култура во Тетово, денес со почеток во 19:30 часот, ќе имате можност да го проследите концертот на ансамблот „Танец“.
Настанот под наслов „Ритамот на душата, бојата на традицијата“ ќе ве поведе низ богатото културно наследство на нашата земја. Ансамблот „Танец“ ќе го донесе духот на традицијата преку маестрални кореографии, живописни костими и звучни народни мотиви што ќе ги разиграат вашите срца.