Претставата „Слепци“ премиерно во Турски театар

од admin_kult

НУ Турски театар вечер во 20:00 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Слепци“ според истоименото дело од Морис Метерлинг и книгата „Погубни идентитети“ од Амин Малуф.

Режијата е на Ќендрим Ријани, музиката е на Емрах Џемаили, а костимите на Медина Хоџа и Маја Ѓуреска.

Во претставата играат: Џенап Самет, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Сузан Акбелге, Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Слаѓана Вујошевиќ, Емине Халил, Зубејде Али, Инес Радинчиќ и Един Јакуповиќ.

Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија, со титли на македонски јазик.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе