„Драми на принцезите“ е новата премиера што ќе биде изведена вечер (15 ноември) во 20:00 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмскиот театар во Скопје.
Режијата е на Жива Бизовичар. Прв драматург е Ник Жнидаршиќ, а втор драматург е Викторија Рангелова-Петровска. Сценограф и автор на музиката е Јан Крмељ, а костимите се на Александар Ношпал.
Во претставата играат актерките: Јелена Жугиќ, Нина Елсезер, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Сара Климоска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Ивана Павлаковиќ и Јасмина Василева.
Претставата „Драми на принцезите“ ќе биде на редовниот репертоар на Драмскиот театар, а следната изведба е на 23 ноември.