Под мотото „Не барај столче повеќе“ започнаа Скомрахи 2020

од admin_kult

Со претставата „Га__2m__ЛЕБ“ (според „Галеб“ од А.П. Чехов) на студентите од II година, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска и доц. м-р Александар Степанулески при ФДУ – Скопје, вчера, под мотото „Не барај столче повеќе“ започнаа годинешните меѓународни средби на студентите на академиите и факултетите за драмски уметности „Скомрахи 2020“.

На отворањето, со строго почитување на соодветниот протокол за заштита и превенција од COVID-19, присутните ги поздрави министерката за култура Ирена Стефоска која честитајќи им на младите скомраси за прифаќањето на предизвикот на новото време изрази надеж дека од ова зло сите заедно ќе излеземе посилни.

„Среќна сум што вечерва сум на вистинското место – меѓу младите уметници кои стоички се носат со новиот предизвик и ни ја враќаат надежта дека од ова зло ќе излеземе посилни. Сега е вистинскиот момент да им се дадат сите услови и шанси на младите, сега како никогаш досега треба палката да им се предаде на младите и затоа сум среќна што сум овде, како човек, но и како министерка за култура, зашто одржувањето на Скомрахи оваа 2020 година е голема, огромна победа за културата“, истакна министерката Стефоска.

Претставите од годинешното Скомрахи ќе се одржуваат на отворено, во дворот на ФДУ, а може да се следат и преку livestream на YouTube профилот ФДУ Скопје / FDU Skopje: https://bit.ly/2JeeFb5 .

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе