Панел-сесии на тема: „Креативна Европа – Соработка, мобилност и вмрежување“

од admin_kult

            Во организација на Министерството за култура и туризам и Канцеларијата на Креативна Европа (Култура и МЕДИА) на 24 јуни 2025 година (вторник), со почеток во 09:00 часот, во „Порта Македонија“ ќе се одржат панел-сесии на тема: „Креативна Европа – Соработка, мобилност и вмрежување“.

Настанот се реализира во партнерство со Канцелариите на Креативна Европа од Словенија и Босна и Херцеговина, и во соработка со меѓународни, регионални и домашни организации и институции, меѓу кои: меѓународната мрежа „Во движење“ (On the Move) – Белгија/Франција, Центарот за современи уметности „Топлоцентрала“ – Софија, Бугарија, Центарот за современи уметности – Скопје, Младински културен центар – Скопје, Институтот ФАМЕС – Скопје, ПИН музичка конференција – Скопје, Скопски џез фестивал, Македонската асоцијација на џез музичари и слободни уметници, НУ Оркестар за џез музика, Европската кино мрежа (Europa Cinemas) – Франција, НУ Кинотека на Македонија и НУ Центар за култура – Битола.

            Панел-сесиите ќе опфатат повеќе аспекти поврзани со значењето на европската културна соработка, мобилноста и вмрежувањето. Ќе биде презентирана мрежата на Канцелариите на Креативна Европа и ќе се дискутира за предизвиците со кои се соочуваат културните и креативните сектори во рамки на програмата „Креативна Европа на ЕУ“ во матичните земји и пошироко.

            Европските и регионалните советодавни и професионални мрежи играат значајна улога во овој контекст, вклучувајќи го и регионот на Западен Балкан и нашата држава, па оттука ќе бидат претставени најновите текови/политики, програми и активности, и споделени искуства меѓу претставниците на регионалните и европските мрежи предвидени во програмата.

            Дополнително, ќе се одржи и посебна сесија посветена на секторските културни политики, особено на значењето на соработката, мобилноста и вмрежувањето во музичкиот сектор кој има посебно значење во политиките на ЕУ. Во оваа сесија ќе учествуваат претставници на домашни организации и институции кои се дел од европски иницијативи, платформи и мрежи поддржани од програмата „Креативна Европа на ЕУ“.

            Земајќи предвид дека од 2025 година Канцеларијата на Креативна Европа – РС Македонија (Култура и МЕДИА) функционира во рамки на Министерството за култура и туризам, посебна сесија е посветена и на значењето на европските мрежи во областа на аудиовизуелната/филмската дејност, со посебен фокус на Европската кино мрежа (Europa Cinemas).

Во прилог ви ја доставуваме програмата на настанот.

Ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку присуствувате на настанот и активно се вклучите во дискусиите на панел-сесиите.

Настанот е од отворен карактер за претставниците на културниот, креативниот и аудиовизуелниот/филмскиот сектор, но за наша евиденција ве молиме вашето присуство да го потврдите на следниве електронски адреси:

lidija.pajevikj@ced.mk

natasha.dimitrievska@ced.mk

Со почит,

Министерство за култура и туризам

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе