Објавени добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

од admin_kult
Logo

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“, на седницата одржана на 15.11.2024 година, донесе Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024  година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија.

За остварување во областа на публицистиката, државната награда ја делат: Иван Антоновски, публицист и Делвина Крлуку, публицист.

Државната награда за остварување во областа на новинарството ја делат:  Атанас Костовски, новинар и  Љупчо Јолевски, новинар.  

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2024 година (сабота) во 10:30 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе