Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре, среда, (2.7.2025 г.) ќе го посети локалитетот Тумба Маџари, каде во 10:00 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе присуствуваат и директорката на Археолошкиот музеј на Македонија Магдалена Манаскова и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Волфганг Маиер.
Манаскова и Маиер во 10:15 ќе потпишат и Договор за долгорочно користење на парцела во сопственост на ЕВН која е во склоп на локалитетот.
Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.