Културно-книжевна вечер во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

од admin_kult

Во македонскиот КИЦ во Загреб се одржа културно-книжевна вечер „Мирис на татковината“ на која беше претставено поетското творештво на Фатос Рушити, Сунај Раими и Севдаиљ Демири, македонски поети, универзитетски професори и културни дејци од Македонија кои творат на својот мајчин, албански јазик.

На почетокот на настанот на присутната публика и се обрати директорката на македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска која ја истакна важноста на ваквите настани кои ја претставуваат јазичната разноликост на македонската поетска сцена.

Преводот на поезијата на Рушити, Раими и Демири на хрватски јазик го направи поетесата Валентина Мирај, а истата беше интерпретираана од страна на Љиљана Коци, претседателка на Друштвото на албанските уметници во Хрватска.

На настанот присуствуваа високи претставници на државната и локалната власт во Република Хрватска, претставници на дипломатскиот кор, истакнати претставници на македонските и хрватските институции и организации во Загреб.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе