На 14 јули 2025 година со почеток во 21:00 часот во Македонскиот народен театар, љубителите на џезот ќе имаат можност да присуствуваат на извонреден концерт – заеднички настап на еден од најсмелите и највпечатливи саксофонисти и композитори на современата џез-сцена, Дони Меккаслин, и Националниот џез-оркестар. Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.