Конститутивна седница на Националната комисија за УНЕСКО

од admin_kult

Во Владата на РС Македонија денеска се одржа конститутивната седница на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ, со која претседаваше министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој воедно е и претседател на Националната комисија.

На седницата на Националната комисија беше разгледан и усвоен Деловникот за работа, тековните и идни активности на Република Северна Македонија во рамки на соработката со УНЕСКО, а беше даден и краток осврт за начините  на соработката со УНЕСКО и координацијата со ресорните органи, институции, организации и др.

Националната комисија за УНЕСКО е составена од 21 член меѓу кои министри во Владата на РСМ, претставници од државните органи и јавни институции, здруженија на граѓани,  и експерти за областите поврзани со програмските приоритети на организацијата.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе