Изложба на Јана Манева-Чупоска во КИЦ во Истанбул

од admin_kult

Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул ја најавува самостојната изложба на истакнатата македонска уметница и претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, Јана Манева-Чупоска. Изложбата со наслов „Љубовници во пандемија“ ќе биде отворена вечер (27 ноември) во 19:00 часот во салонот на КИЦ во Истанбул.

„Љубовници во пандемија“ е серија од триесетина дела – цртежи и колажи изработени во комбинирана техника: молив, јаглен, акрил и темпера. Инспирирана од периодот на пандемијата на коронавирусот, Манева-Чупоска преку фигуративни композиции ја пренесува својата психолошка и емотивна состојба, нагласувајќи ја љубовта како симбол на надеж и обновување. Насловот на изложбата има симболично значење, алудирајќи на потребата за враќање кон нормалноста.

„Низ нејзините фигуративни и симболички претстави, љубовта се појавува како главен мотив и како најсилниот одговор на кризата. Таа нè потсетува дека токму љубовта е универзалниот симбол кој нè поврзува и спасува“, информираат од КИЦ во Истанбул.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе