Во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, отворена е самостојна изложба на скулпторот Џелил Руфати. Присутните ги поздрави и вршителот на должноста амбасадор, Луфтим Спахиу.
Со организирање на изложбата, директорката Емилија Попивода на посетителите им овозможи да влезат во светот на Руфати каде што имагинацијата ја среќава реалноста, а емоциите наоѓаат израз во неподвижни, но извонредно моќни форми и каде што секој може да пронајде нешто што резонира со неговото лично искуство, соништата и чувствата, посочуваат од македонската амбасада во Тирана.
Руфати досега има реализирано повеќе изложби во САД, Франција и во Германија, како и во балканскиот регион, а бил учесник на повеќе колонии и семинари.