Во македонскиот КИЦ во Белград одбележан Денот на македонскиот јазик

од admin_kult

Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, беше реализиран проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“, како дел од програмата за одбележување на 80-годишнината од неговата кодификација.

– Треба да го штитиме јазикот, да го негуваме, да го облагородуваме, а еден од начините е вечерва, токму тоа – дебатираат српската и македонската книжевност, српската и македонската култура. Да се зборува за книжевноста, да се дебатира, да се разговара, значи да се сплотат уште повеќе македонската и српската книжевност – рече Васко Шутаров, директор на КИЦ во Белград.

На дебатата, Никола Маџиров и Петар Андоновски, македонски писатели, читаа извадоци од своите дела и разговараа со своите колешки од Србија – српската поетеса Ана Ристовиќ и Милена Илиќ, во моментов најактивен преведувач на дела од македонски на српски јазик. Беа прочитани стихови од стихозбирката „Длан и нетакнуто“ од Никола Маџиров, преведена на српски јазик од Билјана Андоновска, и од романот „Страх од варвара“ од Петар Андоновски, во превод на Милена Илиќ.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе