Во КИЦ во Загреб отворена изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски

од admin_kult

Во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб вчера беше отворена изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, посветена на 50-годишната музичка кариера на Влатко Стефановски. Изложбата претставува избор од концертни фотографии што ги документираат различните фази од солистичката кариера на Стефановски.

Автори на фотографиите се Ангел Ситновски, Стефан Рајхл, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, фотографи кои долги години го следат Стефановски на неговите настапи и турнеи во земјава, во Србија и пошироко.

Фотографиите ја доловуваат не само динамиката на настапите, туку и атмосферата на концертите, реакциите на публиката и посветеноста со која Стефановски излегува на сцена.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе