Во Градскиот парк вечер концертот „Филхармонија на отворено“ 

од admin_kult

Во Градскиот парк вечер (26 јули) во 21 часот ќе се одржи концертот „Филхармонија на отворено“. Оваа година концертот е посветен на музиката на еден од најзначајните македонски бендови – „Архангел” – во оригинална и автентична оркестрација на Џијан Емин. Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен македонски бенд со кој пораснаа многу генерации.

Оркестрацијата на Емин ги следи авторските компоненти на песните, но оркестрацијата е целосно авторска и оригинална.

Џијан Емин е диригент на овој концерт, а со оркестарот ќе настапи и фронтменот на „Архангел“ – Ристо Вртев.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе