Традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“ ќе се одржи во старото градско јадро на Старата скопска чаршија на 16, 17 и 18 септември (понеделник, вторник и среда).

Целта на манифестацијата е да ја заживее чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети.