Во рамките на фестивалот Војдан Чернодрински, вечерва со почеток од 19:30 часот ансамблот на Струмичкиот театар ќе ја изведе четвртата од осумте претстави во конкуренцијата за наградите, „Животинска фарма“ според Џорџ Орвел во режија на Љупчо Ѓорѓиевски.

По претставата ќе се одржат и разговорите на тркалезната маса, а од 23 часот е претставата во придружната програма „Елените проколнувањата“, дипломски испит на студентите од ФДУ од Скопје.

Изминатите три фестивалски дена ,  публиката ги проследи претставите во конкуренцијата: „Макбет“ на МНТ, „Бакхи-краток преглед на распадот“ на Битолскиот театар и „Физика на тагата“ на Кумановскиот театар. Во придружната програма, публиката ги проследи и: „Венера во крзно“ во режија на Ивана Ангелковска, во изведба на Театар на навигаторот Цветко – кино Култура – Скопје, а синоќа ја виде и испитната претстава на актерите од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, „Шекспиријада“.