Во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“  кој се одржува во Прилеп, заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски имаше работна средба со директорите на националните театри во земјава при што беа отворени сите прашања вод актуелното работење на професионалните театарски куќи во државата.

Во конструктивна атмосфера се постигнаа и одредени конкретни насоки за надминување на дел од состојбите.

Заменик-министерот Лазовски со директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј -Прилеп, Благоја Атанасоски и со градоначалникот Илија Јованоски го посетија и манастирскиот комплекс „Трескавец“ каде што заменик-министерот беше детално запознаен со фазата во која е проектот, Обнова на опожарените конаци и изработка и реализација на проектите за црквата, трпезаријата, магерничкиот конак и магерницата на манастирот „Трескавец“ – Прилеп.

За овој проект Министерството за култура со одредена динамика одвојува средства од 2015 година, а особено внимание се посветува од 2017 година кога црквата беше прогласена за културно наследство во опасност, по што беше усвоена и спроведена динамиката на реализација на превентивни заштитни мерки.