На денешната седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата со која министерот за култура, Хусни Исмаили добива овластување за потпишување на Колективниот договор во културата, а Министерството за финансии се задолжува да ги обезбеди средствата за оваа намена најоцна до 1.07 2020 година.

Покрај ова, Владата го утврди предлог текстот на законот за остварување на јавниот интерес во културата  со што истиот ќе може да продолжи во натамошна постапка на донесување од страна на Собранието на РСМ.

Новиот закон во културата ќе се носи по 20 години и по 16 измени на текстот во изминатиов период, а со него се очекува да се придонесе кон унапредување и развој на остварувањето на културата во Република Северна Македонија, унапредување на правната основа за развој на културните активности, надминување на актуелните проблеми во областа, рамноправност на уметниците независно од потеклото, етничката припадност, полот и друго, во создавањето на културата  преку овозможување на еднакви права гарантирани со закон.