Со поддршка на Министерството за култура, од 12 до 17 октомври во Скопје ќе се одржи седмото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ .

Шестдневната програма ќе содржи богата филмска понуда, креативни работилници, мастер-класови и низа други креативни и едукативни активности кои ќе вклучат околу 650 деца и млади од 10 земји, на возраст од 11 до 19 години.

Фокус тема на фестивалот е заштита на животната средина со особен акцент на воздухот, но и безбедноста на интернет и врсничкото насилство.