Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на квартетот на гитари „Апеирон“, составен од уметниците Микеле Амбрози, Влатко Боцевски, Вјекослав Црнобори и Рафаеле Пизано.

Присутен на светските музички сцени повеќе од 15 години, гитарскиот квартет „Апеирон“ ја изведува својата концертна активност со цел да го открие и сподели оригиналниот репертоар за четири гитари, притоа инспирирајќи ги и мотивирајќи ги композиторите да пишуваат за овој ансамбл.

Носејќи го овој проект напред, „Апеирон“ има воспоставено неколку значајни соработки, вклучувајќи ја и работата со Иван Шуран, Маркос Винициус, Дејвид Досет, Даниел Кеснер, Дезмонд Кларк и Пол Мортила. Квартетот има настапувано во Италија, Чешка, Романија, Хрватска, Словенија и Замбија.

За нивниот настап на „Охридско лето“ е резервирана сцената во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.