Ансамблот за народни игри и песни „Танец” вечер од 20 часот во Македонската опера и балет ќе го одржи традиционалниот велигденски концерт, годинава со наслов „Велигденско будење”.

Концертот содржи богата музичко-сценска програма во која ќе бидат изведени многу фрагменти од кореографии, вокални и оркестарски композиции од нивниот понов репертоар, од 2000 година до денес. Ќе учествуваат првенците, солистите и целиот ансамбл на „Танец”, кој со овој концерт ја почнува јубилејната 70-та сезона, под мотото „Остани во чекор”.

– Чуварите на нашето музичко-фолклорно богатство со ова најавуваат храбри чекори кон модерните времиња, но и цврсто тежиште кон традиционалните вредности – соопшти „Танец“.