Театарот за деца и младинци – единствениот специјализиран професионален театар посветен на детската театарска продукција, на 25 март 1990 година со претставата „Чудовиштата од нашиот град“ започна официјално да работи.

По повод 30-годишниот јубилеј, од Театарот информираат дека е изработена  монографија во која е сумиран три деценискиот развој на овој театар, бројните премиери, гостувања и награди.

-Поради вонредната состојба,  монографијата заедно со останатите активности по повод роденденот, ќе бидат поместени за друга прилика, информираат од Театарот.