Стефоска за изложбата на Петар Хаџи Бошков: Вредност на која постојано мора да се навраќаме

од admin_kult

„Присуствуваме на редок културен настан. На дијалог меѓу Стоби и Петар Хаџи Бошков. Се вкрстуваат цивилизации и епохи. Модерната е внесена во античкиот град. Сигурно имаат што да си кажат“, рече министерката за култура, Ирена Стефоска, на отворањето на изложбата „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“ од уметникот Петар  Хаџи Бошков на археолошкиот локалитет „Стоби“.

Таа додаде дека скулптурите на Хаџи Бошков, кои се веќе културно наследство, ги бараат своите врски со античката уметност.  По две и пол илјади години, поставени вака во Античкиот театар, на Виа сакра, Храмот на Изида и Серапис, тие по подолг период, на свој начин ги реафирмираат вредностите што ги има модернизмот во земјава, а кои беа тргнати од нашето сеќавање.

Поставката, која вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на Хаџи Бошков чие творештво е вградено во темелите на современиот културен идентитет на земјава, има цел да го приближи стариот заштитен свет кон модерното време.

Со овој проект, рече министерката за култура, вниманието е повторно кон уметник кој е доајен на модерната во нашата земја, автор и општествена  фигура која преку своите дела и ангажмани остави траен белег во формирањето на денешната еманципирана, модерна македонска држава.

Таа изрази очекување модерни дела – кои зрачат со слобода, интегритет и индивидуалност, со европски дух, поставени на древниот локалитет – да влијаат врз подигнувањето на свеста за значењето на заштитата на културното наследство.

„Верувам дека ваквите проекти ќе ги поттикнат младите, идни професионалци да продолжат со расветлување на неоткриените аспекти  на македонската модерна уметност“, рече министерката за култура Стефоска.

Куратор и автор на концептот на изложбата е Владимир Јанчевски. Проектот  е поддржан од Министерството за култура на РСМ и се реализира во рамките на долгорочната проектна програма „Стоби – жив град“, чија цел е заживување на локалитетот и отворање нови перспективи во дијалогот со модерното наследство, како и со современата културна продукција.

Обраќање на министерката за култура Ирена Стефоска на изложбата на Петар Хаџи Бошков 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе